Почина милијадерот Чарли Мангер, десната рака на Ворен Бафет

1243
Фото: screenshot

Милијардерот Чарли Мангер, познат како партнер или десна рака на Ворен Бафет (93), почина на 99-годишна возраст во болница во Калифорнија.

„Беркшир Хатавеј“ објави дека компанијата нема да постоеше доколку не беше Мангер.

– „Беркшир Хатавеј“ не можеше да биде изграден до сегашниот статус без инспирацијата, мудроста и учеството на Чарли“ – наведуваат од компанијата.

Неговата животна приказна е онаа на издржливост и истрајност пред екстремните пречки и загуби. И покрај овие тешкотии, тој стана еден од најуспешните инвеститори во своето време, великодушно пренесувајќи ја својата стекната мудрост на другите.

Кога станува збор за кариерата на Чарли Мангер, пред партнерството со Бафет работел како адвокат.