Поцков: На 17 октомври ќе решаваме дали ќе одиме напред или ќе се враќаме кон режимот

83

На 17 октомври не се само локални избори, туку се дава потврда на исправната, европска политика. Се решава дали земјава ќе оди напред или ќе се враќа кон режимот, дали сакаме да одиме напред, кон иднина или ќе се враќаме во минатото, рече кандидатот за градоначалник на Гевгелија на СДСМ, Сашко Поцков.

Од вечершаниот изборен караван „Најдоброто за мојата општина“, Поцков најави многу проекти, а целосната програма, како што напомена, ќе биде доставена до секој граѓанин.

Реализација на 2,5 милиони евра преку пет проекти, набавка на противпожарно возило, селекција и рециклажа на отпадот откако ќе профункционира времената депонија, довршување на патот до Ума, изградба на нов младински културен дом во Прдејци со пари од Владата преку проектите на ТАВ, се само некои од проектите што ги најави Поцков. Селата Негорци и Прдејци, истакна, ќе се поврзат со водоводот на Гевгелија кој, пак, ќе поминува низ ТИРЗ зоната со што ќе се создадат услови за нови инвеститори. Веќе има интерес од турски фирми, нагласи Поцков, тие ќе отворат нови работни места за младите од општината.

Заев ја потвори европската порта, рече Поцков

-Над 70 проекти успеавме да направиме во сите 12 населени места. Некои викаат не сме работеле. Видете ги завршните сметки, избвршувањето на буџетот е 80 отсто, а од нив 40 проџценти се капитални расходи или, како што вели премиерот Заев, парите од народот, пак за народот. Можеби не сме таму каде што сакавме да бидеме, но сигурно сме подалеку од таму каде што бевме во 2017 година, истакна Поцков и побара од своите сограѓани втор мандат за да ја заокружи, како што рече, визијата за модерна и зелена, европска Гевгелија.

Вечершаниот изборен караван „Најдоброто за мојата општина“ во Гевгелија, покрај Поцков, го прeдводат и лидерот на СДСМ Зоран Заев, како и носителот на советничката листа, Миле Атанасов.