Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, сепак, би можел да игра на последниот грен-слем турнир годинава – САД опен. Центарот за контрола на болести во САД ја објави одлуката за олеснување на мерките и дека невакцинираните имаат наполно исти права како и вакцинираните.

Но, немаше укинување на мерките што важат за странските државјани кои сакаат невакцинирани да влезат во Америка, меѓутоа тоа може да се случи наскоро, што ширум ќе му ја отвори вратата на Ѓоковиќ за учество на турнирот во Њујорк.

Како што пренесуваат медиумите преку Атлантикот, од ЦДЦ најавиле дека наскоро ќе се огласат за мерките за патување, а тоа е доволна причина за оптимизам во таборот на поранешниот светски тениски рекет број еден.

– Во следните недели, ЦДЦ ќе работи на коригирање на постојните упатства, како што се оние во врска со здравствената заштита, потоа ќе го разјасни поголемиот ризик од пренесувањето на вирусот, но и сè што е поврзано со патувањето, со денешното ажурирање – се вели во соопштението.

Затоа, можно е да се очекува одлуката невакцинираните странци да не можат да влезат во САД, конечно, ќе биде суспендирана. Сепак, додека не се случи тоа, Новак може само да тренира и да се надева на најдоброто.

Поради тоа што не е вакциниран, Србинот не можеше да настапи на првиот грен-слем турнир сезонава – Австралија опен, но потоа настапи на Ролан Гарос, каде што загуби во четврт-финалето, додека на Вимблдон стигна до титулата.