Порно филмови цели 9 часа емитувани на видео-бим во продавница на „Асикс“

190

Новозеландскиот огранок на јапонскиот спортски бренд „Асикс” им се извини на купувачите и случајните минувачи кои на големите ТВ-екрани над нивната најголема продавница во Оукленд, имаа ретка можност цела вечер, на јавна сцена, да гледаат порнофилмови.

Порното вчера, наводно случајно, на големите екрани се прикажувало цели девет часа, до 10 часот наутро, кога вработените дошле на работа и го исклучиле, објави „Њу Зиланд хералд”.

– Некои беа шокирани, а други само подзастануваа да видат што се случува – рече Двејн Хинанго, еден од обезбедувањето на продавницата.

Многу од граѓаните беа вознемирени од овој настан.

„Асикс Нов Зеланд“ на Фејсбук-страницата појасни дека непознато лице добило пристап до  нивната внатрешна ТВ-контрола…

„На екраните се појави непримерна содржина, се извинуваме на сите кои имале прилика да го видат тоа”, се вели во објавата.

Фирмата соопшти и дека презема мерки за вакво нешто да не се повтори.