Зонското паркирање на ЈП „Градски паркинг“ утре е бесплатно

660

Од јавното претпријатие „Градски паркинг“ ги известуваат корисниците на нивните услуги дека поради одржување на самитот на ОБСЕ во Скопје утре и задутре, следејќи ги препораките на Владата, на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“, денеска се врши наплата до 12 часот, а во четврток, 30.11.2023 нема да се врши наплата.

На јавните паркиралишта: Тутунски комбинат, Зоил и 8 Септември се врши наплата денеска и утре до 12 часот.

Редовна наплата ќе се врши на јавните паркиралишта: Кочо Рацин, Градска Болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт, Треска и Клинички центар „Мајка Тереза“ и катните гаражи: „Беко“ и „26 Јули“

Исто така, следејќи ги препораките на Владата, административните простории на претпријатието и канцелариите: Центар, Аеродром, Карпош и Илинден, денеска работат со скратено работно време до 12:00 часот, а утре е неработен ден.