Попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

76

Утрово е сончево со мала до умерена, а наместа со зголемена облачност. Во северозападните делови од земјава веќе е нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во моментов развиени се две нестабилни облачни маси, едната североисточно од Тетово и другата југозападно од Скопје, соопшти Управата за хидрометеролошки работи.

Времето денеска ќе биде прoменливо облачно време со слаб до умерен ветер од јужен правец. Уште од претпладне, но особено во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 36 степени. УВ=6

Во Скопје променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од Котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и град. Максималната температура ќе достигне 33 степени.