Пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас, ќе стартува од пол – позицијата на утрешната прва трка во Формула 1 оваа сезона која ќе се вози во Австрија.
Финецот беше 12 стотинки побрз од клупскиот колега и актуелен шампион, Луис Хамилтон, кој со времето од 1.02.931 мораше да се задоволи со втората позиција на стартот за утрешната трка за Големата награда на Австрија, на која се предвидени две трки.
Од вториот ред ќе стартуваат Макс Верстапен и Ландо Норис, додека третиот ред е резервиран за Албон и Перез. Најголемото разочарување го имаа двата пилота на Ферари, Шарл Леклер кој ќе стартува од седмата позиција, додека неговиот клупски колега, Себастијан Фетел, дури од 11 место.
Во првата десетка се уште и Карлос Саинц, Ленс Строл и Даниел Рикардо.