Шилегов: Завршено е проектирањето на новиот мост меѓу Карпош и Злокуќани/ВИДЕО

350

Завршено е проектирањето на новиот мост во Скопје. Постапката за избор на изведувач, ја започнуваме до крајот на јули напиша градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил.

-Овој мост, ќе ги спојува Карпош 3 и 4 по ул. Љубљанска (покрај Сити мол) со Злокуќани и Бардовци на ул. Скупи.

Мостот ќе биде широк 20 метри, ќе има четири коловозни ленти во двете насоки, тротоари и велосипедски патеки. Тој би бил готов за две години, а неговата изградба би започнала кон крајот на годинава – велат од Град Скопје, но не прецизираат колку би чинела реализацијата со образложение дека проектот се уште не е финален и ревидиран.

Еве како изгледа новиот мост во Скопје !

Скопје, една поинаква приказна …