Полицијата реагирала навреме: Маж ѝ се заканувал на сопругата дека ќе ѝ ги убие родителите – уапсен е на пат кон нив, бил вооружен

143

Полицијата во Белград го приведе Н.С.(37) поради сомнение дека сторил кривични дела семејно насилство и недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материјали, пренесе Н1 Србија.

Според соопштението на српското Министерството за внатрешни работи, тој е осомничен дека и се заканил на сопругата дека ќе ги убие нејзините родители, по што се упатил кон местото каде што живеат, но полицијата го спречила во тоа.

Полицијата кај него пронашла пиштол со полна рамка и куршум во цевката, како и одредена количина муниција за пиштолот.

При претресот во станот и другите простории на пријавениот, пронајдени се и автоматска пушка, гасен пиштол, четири рамки за автоматска пушка и одредена количина муниција, се додава во соопштението.

На осомничениот Н.С., му е одреден притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде изведен во Вишото јавно обвинителство во Белград.