
Шпанскиот гигант, Реал (М), доби сриозна конкуренција во англиските премиерлигаши Челзи, Ливерпул и Манчестер Сити, кога е во прашање потписот на канадскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Германија, тимот на Баерн (М), Алфонсо Дејвис. Офанзивниот бек не сака да го продолжи договорот кој е со важност до 2025 година и затоа Баерн (М) е принуден да го продаде за најмногу 50 мил. евра.