Поларниот вртлог ни носи снег до колена! Зимава нè очекуваат три ледени периоди, првиот е најсилен

41773

Српскиот метеоролог Иван Ристиќ даде детална прогноза за претстојната зима во која, како што вели, не очекуваат три постудени периоди кои ќе донесат врнежи од снег во регионот.

Како што истакна Ристиќ, времето во текот на зимата која е на прагот, ќе биде условено од настани поврзани со таканаречениот поларен вртлог.

– Во текот на зимата поларниот вртлог ќе го менува својот интензитет и во моментите кога ќе слабее, дел од арктичкиот воздух ќе избега од него и ќе се спушти далеку на југ, со што ќе донесе посилно заладување и снег – истакнува метеорологот Ристиќ и додава дека оваа зима ќе има три постудени периоди кои ќе донесат студено време и снег во Европ, но и на Балканот.

„Положбата на циклонот што ќе се формира на границите на топлата и студената арктичка маса ќе донесе пообилни врнежи од снег“, вели Ристиќ

Поларниот вртлог е перзистентна област со низок притисок од големи размери со дијаметар помал од 1.000 километри што ротира спротивно од стрелките на часовникот на Северниот пол и во насока на стрелките на часовникот на Јужниот пол (во двата случаи се нарекува циклон), т.е. обата поларни вртлози се свртуваат на исток околу половите.

Foto: printskrin/severeweather

Основите на двата поларни вртлози се наоѓаат во средната и горната тропосфера и се протегаат во стратосферата. Под тоа се крие голема маса на ладен, густ арктички воздух.

 

Според прогнозата на метеорологот Ристиќ, првиот постуден период ќе пристигне околу Нова година, најдоцна до Божиќ.

„Тој студен период ќе трае околу 20 дена, така што добар дел од јануари ќе биде вистински зимски со многу снег. Ќе биде и најстудениот дел од годината. Во денови со снежна покривка и ведри ноќи се очекува слаб и умерен мраз од -10 до -5 степени. На планините силен мраз и до -20, максималната температура околу 0 степени, изјави Ристиќ“, за српски „Информер“.

Следниот, втор постуден период ќе започне околу 10 февруари и ќе трае помалку, од седум до 10 дена, но ќе донесе и многу снег и формирање на снежна покривка.

„Во февруари ќе имаме 10 студени денови кои ќе бидат проследени со врнежи од снег, а потоа следува топење на снегот. Температурата ќе се движи во просек од 15 до 20 степени“, вели метеорологот Ристиќ.

Третото и последно сериозно пробивање на студениот арктички воздух ќе биде во првата декада на март.

„Во март треба да се спомене зајакнувањето на сибирскиот антициклон кон регионот. По многу студениот почеток на март, од втората половина на месецот се очекуваат вистински пролетни температури кои ќе надминат 20 степени“, објаснува Ристиќ.

Иако генерално зимата повторно ќе биде нешто потопла од просекот, ќе има изобилство вистински зимски денови со снег, мраз и ниски температури. Во постудените периоди се очекуваат многу врнежи претежно од снег. Во пониските предели зимава се очекуваат околу 20 дена со снежна покривка.

Зимите што ги имавме во минатиот век имаа во просек по 30 дена со снежна покривка, така што оваа година бројката е нешто помала.

ЕКСТРЕМЕН ВРЕМЕНСКИ ФЕНОМЕН: Што се случува во атмосферата и зошто температурата е над 20 степени?