Поевтинуваат горивата

174

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се вршинамалувањена малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,79%во однос на одлуката од 4.12.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 6,306%, кај дизелот за 5,591%, кај екстра лесното масло за 5,787% и кај мазутот намалувањето е за 5,969%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,153%

Од 12.12.2023 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин       ЕУРОСУПЕР БС – 95                  76,50 (денари/литар)

Моторен бензин       ЕУРОСУПЕР БС – 98                             78,50 (денари/литар)

Дизел гориво            ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)            74,00 (денари/литар)

Масло за горење      Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)               73,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                             40,572 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,514 ден/кг и сега ќе изнесува 40,572 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 12.12.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.