ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА „ЛУДО ВРЕМЕ“: Во наредните денови не очекуваат температурни шокови

28540

Првите три денови од новата седмица ни носи стабилно, суво и потопло време со повеќе сонце, иако повремено ќе има и облачност над Македонското небо. Наутро и понатаму ќе биде релативно студено со минимални температури на воздухот кој на повеќе места ќе се спуштаат до околу нулата, а понекаде тие ќе се спуштат и за некој степен под нулата, анализира метеорологот Славчо Попоски во најновата временска прогноза за седмицата што е пред нас.

Најтопло ќе биде на средината од седмицата кога максималните дневни температури на воздухот ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени. Тогаш ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец.

Сепак ова затоплување ќе трае многу кратко. Веќе од четврток доцна попладне и навечер следува нова голема промена на времето и нов голем бран на врнежи од запад. Од петок, па во деновите потоа поради нов голем продор на поларниот вртлог од север очекуваме ново големо заладување на времето и поинтензивни врнежи од дожд и снег, како и значителна снежна покривка на планините и на Скијачките центри.

Со овој продор на студен бран снег барем одсега гледано би можело да има и во градовите. Што значи по краткотрајното затоплување, повторно ни следува вистинска зима, прогнозира Попоски.

И во Скопје  и околината очекуваме слично време, најпрвин потопло и суво, а потоа од петок нови врнежи и големо заладување на времето.

Со овој нов продор на поларниот вртлог од север, очекуваме и минусни температури како и појава на мраз, но и засилен северен ветер.

Допрва ќе го анализираме времето околу оваа голема промена на времето која е на повидок наскоро, со што понатаму следуваат нови и по потреба обновени метео анализи, пишува Попоски.