Пленковиќ ја отфрли тезата на Брнабиќ дека Хрватска е етнички исчистена држава

28

Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, денеска ја отфрли тезата на српскаат премиерка Ана Брнабиќ дека Хрватска е етнички исчистена држава, изјавувајќи дека претставници на националните малцинства седат во хрватската Влада и парламент.

-Тезата дека Хрватска е етнички исчистена е смешна. Да бевме етнички чисти, тогаш припадниците на националните малцинства немаше да бидат ниту во парламентот, ниту во владата, ниту пак ќе бидат дел од интегрираниот општествен живот, рече Пленковиќ запрашан да ја коментира изјавата на српската премиерка.

Брнабиќ на една српска телевизија изјави дека Хрватска е етнички исчистена, дека денеска во Европа нема етнички почиста држава од Хрватска.

-Ние сме сериозна членка на ЕУ која се грижи за човековите и малцинските права. Водиме политика на инклузија, толеранција, секој да живее добро. На крајот на краиштата, тоа е политика на помирување, но пред се преку вистината, бидејќи без вистината тешко можеме да одиме напред на здрави темели по големосрпската агресија, рече Пленковиќ.