Папу се одлучи за Севилја

37

Шпанскиот прволигаш Севилја излезе како победник во трката по потписот на аргентинскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Аталанта, Папу Гомез. Искусниот играч за врска со месеци водеше војна со клупските челници на Аталанта и затоа беше принуден да ја промени клупската средина за време на зимскиот преоден рок. Од продажбата на повремениот репрезентативец на Аргентина, италијанскиот клуб заработи околу 6 мил. евра.