Амбасадорот Џанг Ѕуо: Кина гради нова шема на развој и ќе донесе нови можности за светот

194

Силната еластичност на новата шема на развој ќе го стабилизира системот на глобалниот економски циклус. По долгорочни напори, БДП по жител на Кина надмина 10.000 американски долари, а до 2035 година, се очекува цифрата да го достигне нивото на умерено развиена земја, пишува амбасадорот на Народна Република Кина во Македонија, Џанг Ѕуо. Амбасадорот Ѕуо посочува дека Кина дополнително ќе ги намали тарифите и институционалните трошоци и ќе формира ефикасна, стандардизирана, фер конкуренција и целосно отворен домашен унифициран голем пазар, што сигурно ќе промовира формирање на построг и стабилен систем на глобален економски циклус.

Соочувајќи се со пандемијата на корона вирусот, а вклучувајќи ги истовремено и големите промени какви што немало во изминативе сто години во светот, но и глобалната рецесија на економијата, претседателот Си Џинпинг изложи нов стратешки концепт. Концептот „градење на нова шема на развој – со домашни циклуси како главен двигател на економијата, и ги оформи двојните циклуси со домашни и меѓународни пазари за взаемна промоција на економијата“, со цел да го промовира развојот на оваа голема земја, а воедно даде и нов поттик во закрепнувањето и развојот на глобалната економија.

Прво, градење на нова шема на развој, во корист на светската економска стабилност. Кина предложи стратешки избор за забрзување на изградбата на нова шема за развој, кој го појаснува изборот за патот на економската модернизација. Кина е готова со својот развој да придонесе во заедничкиот развој на светот и градењето на заедница со човечката судбина.

Новата шема за развојот на Кина ќе даде свој придонес со кинеската мудрост во заедничкиот развој на светот. На пример, Кина успеа да ја елиминира апсолутната сиромаштија, изгради умерено просперитетно општество на сеопфатен начин, и од „14-от петгодишен план“ (2021-2025) ќе започне со нов период за градење на социјалистичка модерна земја. Се очекува да ја реализира модернизацијата во 2035 година, што означува дека Кина ќе влезе во нова фаза на развој. Во текот на својот развој, земајќи ја во предвид економската глобализација и промените во надворешното опкружување, Кина обезбеди „кинеско решение“ за светот во решавање на заедничките развојни проблеми.

Во 2020 година, БДП надмина 100 трилиони јуани, што претставува зголемување од 2,3% во однос на претходната година.

Новата шема за развој ќе биде од корист за просперитетот на светската економија. Од спроведувањето на реформите и отворањето во 1978 година, во Кина беше формиран развоен модел „и пазарот и ресурсите се во странство“, што промовираше брз економски раст. Како резултат на тоа, во 2020 година, БДП надмина 100 трилиони јуани, што претставува зголемување од 2,3% во однос на претходната година. Додека се движи кон редовите на земји со високи примања, и во контекст на светскиот економски пад и намалениот глобален пазар, Кина ги искористи огромните и длабоки економски предности на својата голема земја, заземајќи развоен пат, кој ги интегрира внатрешните и надворешниот пазар, со цел да го ослободи огромниот потенцијал на пазарот во земјата, и да придонесе за просперитетот на светската економија.

Второ, изгради нова шема за развој, во корист на промовирање на непречената циркулација на меѓународниот пазар.  Пазарот е најмал ресурс во светот. Кина се концентрира на проширување на домашната побарувачка за да ја промовира реализацијата на домашен пазарен циклус, но и во меѓународни полиња, а како резултат на тоа, ќе биде создаден заеднички глобален унифициран пазар.

Во текот на целата година, увозот и извозот на стоките на Кина изнесуваше 32,15 трилиони американски долари, што претставува раст од 1,9% во однос на претходната година. Може да се каже, дека додека се обидува да го пробие меѓународниот пазарен циклус, Кина го промовира формирањето на голем и стабилен домашен пазар.

Енергичната виталност на новата шема за развој ќе му обезбеди на светот пошироки можности на пазарот. Како резултат на пандемијата, се интензивира тенденцијата на фрагментација на глобалниот индустриски ланец и синџирот на снабдување. Освен ова,  надворешното опкружување за развој на сите земји станува се понестабилно и неизвесно. Во однос на ситуацијата во Кина, 2020 година, расположливиот приход по глава на жител е 32,000 јуани, со реална стапка на раст од 2,1% по одземањето на факторите на поскапувањето на продуктите. Во текот на целата година, увозот и извозот на стоките на Кина изнесуваше 32,15 трилиони американски долари, што претставува раст од 1,9% во однос на претходната година. Може да се каже, дека додека се обидува да го пробие меѓународниот пазарен циклус, Кина го промовира формирањето на голем и стабилен домашен пазар, правејќи ги производството, дистрибуцијата, циркулацијата и потрошувачката да бидат позависни од домашниот пазар, што ќе создаде поголема побарувачка и за земјите низ целиот свет.

Силната еластичност на новата шема на развој ќе го стабилизира системот на глобалниот економски циклус. По долгорочни напори, БДП по жител на Кина надмина 10.000 американски долари, а до 2035 година, се очекува цифрата да го достигне нивото на умерено развиена земја. Потрагата на кинескиот народ за подобар живот ќе генерира уште поголема побарувачка за поразновидни и квалитетни производи, технологии и услуги од целиот свет. Кина дополнително ќе ги намали тарифите и институционалните трошоци и ќе формира ефикасна, стандардизирана, фер конкуренција и целосно отворен домашен унифициран голем пазар, што сигурно ќе промовира формирање на построг и стабилен систем на глобален економски циклус.

Трето, изгради нова шема на развој, во корист на проширување на глобалниот колач за заемна и заедничка корист. Кина ќе создаде нов отворен економски систем на повисоко ниво, и ќе формира нови предности за меѓународна конкуренција и соработка. На тој начин ќе допринесе за развојот на сите земји, вклучувајќи го и својот развој.

Меѓународната соработка во новата шема на развој цврсто ќе го поддржи меѓународниот мултилатерален систем за трговија. На крајот на 2020 година, лидерите на Кина и ЕУ заеднички објавија завршување на преговорите за инвестиции меѓу Кина и ЕУ според предвидениот рок, давајќи значаен придонес кон изградбата на отворена светска економија на двата големи пазари на Кина и Европа. Со потпишувањето на Договорот за регионално сеопфатно економско партнерство, Кина потпиша 19 договори за слободна трговија со 26 земји и региони. Кина ќе продолжи да го шири кругот на пријатели на слободната трговија, ќе продолжи да ја промовира либерализацијата и олеснувањето на трговијата и инвестициите, активно да учествува во мултилатерални и билатерални регионални механизми за инвестиции и трговска соработка и уште поактивно да учествува во реформата на глобалниот систем на економско управување.

Кина ги потпиша документите за соработка во рамките на “Еден појас и еден пат“ со 169 земји и меѓународни организации и формираше повеќе од 90 работни групи за трговија и инвестиции во рамките на билатералниот механизам за економска и трговска соработка. Потпишани се повеќе од 40 документи за соработка со производствените капацитети, 14 документи за соработка на трети страни на пазарот, со што се промовира заедничкиот развој меѓу сите земји во светот.

Новиот развоен модел на Кина е врз основа на заемна корист и придобивки, ќе ја промовира меѓународната поделба на работата и соработката. Кина ги потпиша документите за соработка во рамките на “Еден појас и еден пат“ со 169 земји и меѓународни организации и формираше повеќе од 90 работни групи за трговија и инвестиции во рамките на билатералниот механизам за економска и трговска соработка. Потпишани се повеќе од 40 документи за соработка со производствените капацитети, 14 документи за соработка на трети страни на пазарот, со што се промовира заедничкиот развој меѓу сите земји во светот. Кина ќе изгради уште повисоко ниво на отворена економија, ќе посвети уште поголемо внимание на институционалното отворање на правила, регулативи, управување и стандарди, ќе ја консолидира индустриската основа за учество во меѓународната економска поделба на трудот и поефикасно ќе се интегрира во глобалниот индустриски ланец, синџир на снабдување и синџир на вредност.

Четврто, изгради нова шема на развој, заедно со светот да се спротивстави на ризиците. Кина цврсто го спроведува новиот развоен концепт за развој со иновации, координација, зеленило, отвореност и споделување, за да го реализира сеопфатно развојот со висок квалитет соочена со бурните промени во меѓународната ситуација, и со цел да дава придонес за човечкото општество.

Кина го поседува најголемиот и најперспективниот пазар во светот, со население од 1,4 милијарди и група со среден приход со повеќе од 400 милиони луѓе. Пазарот е со капацитет со најкомплетен и најобемен индустриски систем во светот. Освен ова, овој пазар поседува 130 милиони субјекти на пазарот и повеќе од 170 милиони високообразовани лица и професионалци.

Во рамките на новата шема на развој, Кина ќе сподели повеќе кинески научни и технолошки достигнувања со светот. Кина го поседува најголемиот и најперспективниот пазар во светот, со население од 1,4 милијарди и група со среден приход со повеќе од 400 милиони луѓе. Пазарот е со капацитет со најкомплетен и најобемен индустриски систем во светот. Освен ова, овој пазар поседува 130 милиони субјекти на пазарот и повеќе од 170 милиони високообразовани лица и професионалци. Потпирајќи се на предностите од големиот пазар и целосниот индустриски систем, Кина уште повеќе ќе ја зајакне заштитата на правата на сопственост, со цел изградба на систем за иновации, што тесно ги интегрира технологијата, образованието, индустријата и финансиите, и ќе се вклучува уште повеќе во глобалната иновативна мрежа со отворена соработка.

Безбедниот развој од новата шема на развој на Кина е да се здружи со светот за да го одржува меѓународниот економски поредок. Кина ќе разгледа повеќе безбедносни фактори во развојот, како на пример висококвалитетен развој, обезбедувајќи мултилатералниот систем за тргување и активното учество во реформите на СТО (Светска Трговска Организација). Кина ќе го подобрува националниот третман, а воедно и системот за управување со негативни списоци пред пристапот од странски инвестиции, продолжува создавањето на пазарно ориентирано, легализирано и меѓународно деловно опкружување, активно учествува во меѓународната соработка за општа превенција и контрола на инфекции и одржување на меѓународен систем со Обединетите нации како основен и меѓународен поредок со меѓународното право како јадро, со цел заедно да се спротивстави на глобалните предизвици.

Петто, да се изгради нова шема на развој, за да се создадат можности за светска отвореност и соработка. Решителноста на Кина во градењето на нова шема на развој и отворење кон надворешниот свет е непоколеблива. Уште поотворената врата на Кина со сигурност ќе обезбеди уште посилен поттик за глобално закрепнување и развој во пост-пандемијата.

Отвореноста и толеранцијата на новата шема на развој ќе допринесат за проширување на размените и соработката со надворешниот свет. Кина планира да ја поврзе изградбата на новата шема за развој со спроведувањето на националната регионална координирана стратегија за развој, и со изградбата на пилот-зони за слободна трговија. Во моментов, во Кина се воспоставени 21 пилот зони за слободна трговија и се реализираат 260 нови корекции во административни полиња за помагање на развојот на зоните. Кина ќе го промовира и висококвалитетниот развој на пристаништата за слободна трговија, ќе ја забрза изградбата на пристаништето за слободна трговија Хаинан, како важне стратешки двигател за новата шема на развој. Кина очекува уште поактивно да учествува во меѓународната поделба на трудот и уште поефикасно да се интегрира во глобалниот индустриски синџир, синџирот на снабдување и синџирот на вредност.

Развојот на Кина не може да се оддели од светот, а побрзиот развој на Кина ќе придонесе и за светот. Кинеската страна ќе продолжи со отвореност и соработка, да ја промовира висококвалитетната изградба на „Еден појас и еден пат“.

Новата шема на развој ќе ја промовира интерконекцијата, која е од корист за меѓународната и домашната циркулација. Развојот на Кина не може да се оддели од светот, а побрзиот развој на Кина ќе придонесе и за светот. Кинеската страна ќе продолжи со отвореност и соработка, да ја промовира висококвалитетната изградба на „Еден појас и еден пат“, ќе ја унапредува интеграцијата на стратегиите за развој на различните земји и региони со плановите на Кина, ќе ја зајакне конекцијата на политиките, плановите и стандардите, и ќе продолжи да ја продлабочува градежната инфраструктура и прагматичната соработка во индустријата, трговијата, научните и технолошки иновации, јавното здравство, и размените во културата и на други полиња, со цел „Еден појас и еден пат“ да прерасне во пат на соработка, здравје, закрепнување и растеж.

Претседателот Си Џинпинг истакна дека „при градењето на новата шема на развој, во никој случај не сме во затворен и домашен циклус, туку се работи за отворен и заемно зајакнувачки домашен и меѓународен циклус“. Зборот „новата“ од идејата „новата шема на развој“ означува свртување од „промовирање на развојот на внатрешноста однадвор“, кон „промовирање на надворешниот развој од развојот одвнатре“, кое има за цел кинескиот пазар да биде светски и заеднички пазар на глобално ниво.

(Џанг Ѕуо, амбасадор на Народна Република Кина во Македонија)