Данскиот ракометен шампион Алборг, со ангажманот на Микел Хансен од 2022 година ја разбрани европската ракометна сцена. Но ова не е се, бидејќи данскиот клуб во меѓувреме подготви уште една „бомба“.

Ново големо име во данскиот шампио од наредната година би требало да биде Исалнѓанецот Арон Палмарсон, откако ги договорил условите за соработка со данскиот гигант, кој покажува решеност да создаде дрим-тим со кој би атакувал и на највисок пласман во Лигата на шампионите.

Палмарсон моментно е под договор со Барселона, но истиот истекува на крајот од оваа сезонава. Исланѓанецот веќе ја одбил понудата за продолжување на соработката со каталонскиот гигант и им соопштил на челниците на Барса дека веќе го има договорено следниот чекор во кариерата, кој според неофицијалните информации е токму преселба во Алборг.

Палмарсон е член на Барселона од 2017 година, кога пристигна во овој клуб од редовите на Веспрем. Покрај овие два европски гиганти, исландскиот бек има настапувано и за актуелниот европски шампион Кил, во периодот од 2009 до 2015 година.