Напаѓачот на Кристал Палас, Вилфрид Заха побара од клубот да го пушти во Арсенал. Сепак, цената може да биде сериозен проблем за евентуална зделка на 26-годишниот фудбалер од Брегот на Слоновата Коска.
Според медиумите на Островот, Кристал Палас поставиле цена на Заха во износ од 100 милиони фунти, додека „топџиите“ не се подготвени да ја платат оваа сума.
Палас веќе се раздели со Арон Ван-Бисака, кој беше продаден на Манчестер Јунајтед за 50 милиони фунти, така што во овој момент не сака да остане и без Заха, кој постигна 9 гола во 36 натпревари минатата сезона и направи 10 асистенции.