Падна првиот снег во Гази баба и Бутел, зимските служби на терен

1367

Во текот на изминатата ноќ на повисоките делови од општина Гази Баба и на територијата на општина Бутел заврна првиот снег.

Како што информираат од Гази баба кризниот штаб имал целовечено дежурство, но никаде снегот не се задржувал на коловозите.

-Рано утрово екипи од ЈКП Гази Баба фрлија сол и ризла на дел од патот помеѓу населените места Булачани и Раштак за да се спречи замрзување и да се овозможи нормално одвивање на сообраќајот – соопштија од општина Гази Баба и додаваат дека ги следат најавите за намалување на температурите и евентуални нови врнежи.

И од Општина Бутел, како што велат навремено и со брза реакција го дочекале првиот овогодишен снег .

-Службите се на терен и расчистени се првите наноси на снег. Исчистени се сите повисоки места и критичните точки во Општина Бутел, село Љубанци и село Љуботен. Сите улици се проодни и во возна состојба. Кризниот штаб навремено ја следи целата ситуација.  Апелираме до возачите да внимаваат и да ја прилагодат брзината согласно условите на патот – потенцираат од Општина Бутел.