Актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, и понатаму со големо внимание ја следи ситуацијата околу крилниот напаѓач од редовите на Арсенал, Букајо Сака. Британските медиуми немаат дилема дека популарните „граѓани“ ќе испратат официјална понуда за репрезентативецот на Англија за време на летниот преоден рок и дека истата нема да биде помала од 100 мил. фунти.