„Охридско лето“ со културна понуда и за најмладите: Куклената „Тоби“ гостува во Охрид

108

Во организација на Националната установа „Охридско лето“, на 17 декември со почеток во 12 часот, Театарот за деца и младинци од Скопје ќе ја одигра детската куклена претстава „Тоби“ од авторот Флоријан Зденек.

Претставата, наменета за најмладата театарска публика, е режирана од  Драгослав Тодоровиќ кој го доловува ликот на јазовичарот Тоби, кој го минува патот на спознавање на една голема вистина. Во претставата настапуваат Марија Ѓорѓијоска, Катарина Илиевска Силјановска, Винета Дамческа Мојаноска, Ана Левајковиќ Бошков и Мики Анчевски. Сценографијата е на Ирина Сомборац која заедно со Кирил Василев ги изработи и куклите, костимите се на Љубица Велкова. Композитор на музиката е Виктор Апостоловски. „Тоби“ ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Претставата премиерно беше изведена минатата година. Како што велат „Охридско лето“ и во текот на наредната година ќе ја продолжи практиката за збогатување на културната понуда во градот надвор од востановениот фестивалски термин, од 12 јули до 20 август.