Отпишани седум првотимци, меѓу нив неколку познати имиња!

500
epa10658024 Bayern Munich's players celebrate with the league title trophy after winning the German Bundesliga soccer match between 1.FC Cologne and FC Bayern Munich, in Cologne, Germany, 27 May 2023. Bayern Munich won the title due to a better goal difference. EPA-EFE/ANNA SZILAGYI CONDITIONS - ATTENTION: The DFL regulations prohibit any use of photographs as image sequences and/or quasi-video.

Баерн (М) пред неколку дена потврди дека Томас Тухел нема да седи во тренерското столче следната сезона бидејќи соработката со него завршува на лето. Сепак, заминувањето на Тухел е само почеток на револуцијата во Минхен, бидејќи се најавуваат многу заминувања и кога е во прашање играчкиот кадар.

По серијата од три последователни порази, се кулминираше по мечот во Бохум кога челниците на Баерн (М) одржаа состанок и одлучија дека е најдобро Тухел да си замине од тренерската функција.

Трофејниот стручњак не доби веднаш отказ, како што се очекуваше, затоа што раководните лица сакаат да имаат доволно за да најдат адекватна замена.

Според германските медиуми, одлуката Тухел да го напушти Баерн (М) е само почеток на револуцијата која челниците на клубот ја подготвуваат за летото, бидејќи на сите им е јасно дека и на овој тим му се потребни неколку промени во играчкиот кадар. .

Угледниот „Билд“ објави дека во Баерн (м) се отпишани дури седум фудбалери кои речиси сигурно ќе ја напуштат „Алијанц арената„ на крајот од сезоната.

Некои од имињата особено ги изненадија навивачите бидејќи се работи за првотимци, но очигледно е дека се има потреба малку да се измешаат картите за да тимот се врати на самиот врв.

Меѓу отпишаните играчи се Буна Сар и Ерик Максим Чупо-Мотинг чии договори истекуваат на крајот од сезоната. .

Сепак, наводно на тој список се и Мануел Нојер, Свен Улреих, Алфонсо Дејвис, Џошуа Кимих и Лерој Сане кои имаат договори до летото 2025 година, но Баерн (М) ќе се обиде да ги продаде на лето доколку добијат задоволителни понуди.