Остров во Италија нуди единствена понуда: На туристите им плаќа авионски билет и ноќевање

7076

Остров во Италија нуди плаќање на половина од износот на авионскиот билет, едно ноќевање во хотел и билет за посета на атракција по избор, со цел да ги поттикне туристите да се вратат. 

По Австрија, и Италија наскоро ќе излезе од карантин, а власта веќе планира да воведе одредени можности за туристите, за да ги мотивираат да ги посетат главните туристички дестинации.

Така, на островот Сицилија на југот во Италија, осмислија единствена програма за помош која планира да привлече странски посетители по 4 мај.

Понудите ќе бидат достапни на официјалниот интернет портал на островот, што е посветен на туризмот.

Владата ќе вложи 50 милиони евра за финансирање на програмата, а познато е дека во март и април се пријавени загуби од милијарда евра.

Италија сака да привлече туристи по пандемијата. Ова е првпат Сицилија да нуди вакви одлични понуди, за да ги мотивира туристите да ги посетат.

Извор: nypost.com