Најголемата фудбалска мистерија во овие моменти е што ќе се случи со преодниот рок по пандемијата на коронавирусот.

Одговор на ова прашање даде еден од главните луѓе на Манчестер Јунајтед, Ед Вудворд.

  • Ништо нема да биде како порано. Не треба да имаме илузија дека ќе биде добро. Трансферите нема да се случат како порано за ниту еден клуб, дури ни за нас, барем не ова лето. Секако, наш приоритет ќе биде да го направиме успехот како тим, но треба да направиме добар поглед на целокупната состојба. Прво, ќе размислиме за долгорочниот план, а потоа и да направиме трансфери, бидејќи сметаме дека ова е вистинскиот начин да се оди напред во оваа ситуација, истакна Вудворд.

Сигурно е дека пандемијата на коронавирусот ќе предизвика финансиски проблеми на многу клубови и дека тоа ќе влијае на трансферите на играчите.