Остварен контакт со Гимараеш

129

Раководните лица на лондонскиот премиерлигаш Арсенал пред неколку дена оствариле контакт од агентите на бразилскиот интернационалец од редовите на Њукасл, Бруно Гимараеш. Одличниот играч за врска има договор со „црно-белите“ до 2027 година, но во неговиот договор има и ослободителна клаузула од 98 мил. фунти која може да биде активирана од 20 јуни до 20 јули.