Основачот на Викиликс се обрати до затворот:Бара да биде ослободен за да присуствува на погребот на Вивиен Вествуд

186

Основачот на Викиликс кој се бори за екстрадиција во САД бара да биде ослободен од затвор за погребот на модната дизајнерка, негов верен поддржувач, вели неговата сопруга.

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж ќе побара ослободување од Белмарш, еден од најбезбедните британски затвори, за да присуствува на погребот на Дам Вивиен Вествуд, изјави неговата сопруга.

Вивиен Вествуд е една од најпознатите поддржувачи и пријатели на Џулијан Асанж повеќе од една деценија, таа го привлече вниманието на многумина кога се затвори во голем кафез за птици како поддршка на основачот на Викиликс.

Вествуд, легендарниот моден дизајнер, почина во четвртокот во Лондон на 81-годишна возраст.

Асанж води правна битка против екстрадицијата во Соединетите држави поради наводите дека објавил илјадници доверливи документи во 2010 и 2011 година.

Неговата сопруга Стела Асанж за австралиските медиуми изјави дека Вивиен Вествуд е „незаменлива“.

„Таа беше голем пријател, лојален поддржувач и нејзината смрт е огромна загуба“, рече Асанж.

На прашањето дали ќе го застапува својот сопруг на погребот, Асанж рече дека „Џулиен ќе испрати барање да присуствува“.

Алан Селби, портпаролот на затворот, изјави за Би-Би-Си дека е малку веројатно барањето да биде одобрено, бидејќи таквите барања се прифаќаат само за погреб на блиски роднини.

Сепак, нема забрана, а на управата на затворот е да донесува одлуки од случај до случај, објасни Селби.

Во документот кој ги регулира ваквите одлуки пишува дека одобрувањето на барањето зависи од „безбедносната ситуација“.

Се уште не е објавено кога Вествуд ќе биде погребана.

Модната дизајнерка стекна светска слава со нејзиниот контроверзен панк и њу вејв стил во доцните 1970-ти. Таа креираше облека за многу светски ѕвезди.

Асанж ја опиша Вествуд како „основа на анти-естаблишментот“, објави неговата сопруга.

Тој им оддаде почит на нејзината креативност и заедничкото пријателство, велејќи дека „ќе му недостига премногу, како и на многу други“.

Вествуд го осуди притворот на Асанж, опишувајќи го како „местенка“ и водеше протести за негово ослободување.

Вивиен Вествуд ја креираше и венчаницата што ја носеше Стела Асанж на свадбената церемонија во затворот Белмарш на почетокот на 2022 година.

Пријателството со Асанж постојано беше докажувано со бројните посети на Вивиен Вествуд на основачот на Викиликс во амбасадата на Еквадор во Лондон, каде што живеел седум години.

Асанж помина седум години во амбасадата чекајќи азил за да избегне екстрадиција. Покрај обвинувањата за оддавање државни тајни во Америка, Асанж беше осомничен и за силување во Шведска. Таа истрага подоцна беше завршена и обвиненијата беа отфрлени.

Сепак, тој беше изваден од амбасадата во 2019 година и одведен во притвор во Белмарш, каде што го чека екстрадиција за судење во Америка.

Британската влада го одобри барањето за екстрадиција, но Асанж води правна битка за да ја поништи одлуката, тврдејќи дека таа е политички мотивирана.