Општина Илинден со субвенции за купување велосипеди

46

И оваа година, Општина Илинден доделува субвенции за купување велосипеди. За таа цел, објави јавен повик, кој предвидува еднократна парична помош за набавка на велосипеди на лицата со постојано место на живеење на територијата на Општина Илинден.

-Целта на оваа мерка е да се стимулираат граѓаните за користење велосипеди, а износот, кој го доделува Општината како финансиска помош, е 50 % од сумата за која е купен велосипедот или максимум до 4.000 денари за велосипед.

Барањата за јавниот повик ќе бидат разгледувани по редослед, според датумот и времето на пристигнување.

Право на учество на јавниот повик има секој граѓанин со постојано место на живеење во Општина Илинден, кој ќе купи нов велосипед сметано од 12.2.2024 до 30.4.2024 година.

За сите дополнителни информации, заинтересираните граѓани може да се информираат директно во просториите на Општина Илинден или на официјалната веб- страница ilinden.gov.mk.