Објавен е новиот план на ЕУ за забрана за бензинци и дизелаши: Што стои во документот?

344
Фото: EPA-EFE

Европската комисија предложи да се дозволи продажба на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување дури и по 2035 година, доколку тие се со климатски неутрални е-горива, покажа документот до кој дошла британската агенција Ројтерс.

Попуштајќи на германскиот притисок, Комисијата предложи таквите возила да бидат меѓу дозволените од 2035 година, под услов новите технолошки решенија да го спречат нивното возење доколку користат горива различни од еколошките, според предлогот на Комисијата до германското Министерство за транспорт.

Во нацрт-предлогот, до кој дошол Ројтерс, предложено е воведување нова категорија возила во ЕУ за автомобили кои се напојуваат само со горива без јаглероден отпечаток, вклучително и „систем за поттикнување на полнење гориво“ што ќе ги спречи автомобилите да стартуваат доколку во резервоарот се најде гориво што содржи јаглерод.

Предлогот може да им понуди на производителите на автомобили да продолжат да продаваат возила со мотори со внатрешно согорување и по 2035 година, кога законот на ЕУ треба да ја забрани продажбата на нови автомобили што емитуваат CO2.

Сепак, германското Министерство за транспорт ги изненади другите земји овој месец со покренување приговори на законот во последен момент, неколку дена пред конечното гласање за негово стапување во сила, наведува Ројтерс.