Пораката „Косово е срцето на Србија“, која ја напиша српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ на камерата по триумфот во првото коло на Ролан Гарос, предизвика бурни реакции во светската јавност. Храбриот гест на српскиот тенисер ги засени сите натпревари во Париз и стана тема број еден.
Очекувано, неговата порака предизвика различни реакции. Оние што се добро упатени во целата ситуација и ја разбираат тежината на неговите зборови, застанаа на негова страна. За жал, има и такви што го искористија ова за да го оцрнат по кој знае кој пат и да го претстават како главен негативен лик во белиот спорт. Најжестокиот удар, очекувано, дојде од Британците – поточно од спортскиот уредник на британски „Телеграф“, Оливер Браун.
Во написот со наслов „Омаловажете го и депортирајте го Новак Ѓоковиќ“, британскиот новинар побрутално од кога било досега го прозва најдобриот тенисер на сите времиња.
Во својот срамен текст, тој истакнува дека „ситуацијата околу Косово е идеална за човек кој води со убедувањето ‘сам против сите’“.
– Ако Новак Ѓоковиќ има специфичен квалитет, тоа е тоа што не му е грижа што мислат другите. Може да го осудите, да го наклеветите, може дури и да го депортирате, но нема да направите ни трошка вдлабнатина во неговиот психолошки оклоп. Очигледно е по неговото последно прскање во турбулентните води на тениската дипломатија. На најблиската камера на Ролан Гарос напиша „Косово е срцето на Србија, престанете со насилството“. Можеби, ја ублажил својата порака по тврдењата дека поттикнува етнички тензии. Ниту неговите најголеми „хејтери“ не можат да ја оспорат неговата доследност. Тој беше толку посветен на одлуката да не се вакцинира што во последните девет месеци пропушти еден грен-слем и два мастерса. Исто така, беше исфрлен од еден грен-слем, а на друг не му дозволија да учествува – напиша Браун.
Британскиот новинар му замери на српскиот ас дека е нечесен кога испраќа пораки за Косово.
„Има слична сила во неговите чувства за настаните на Косово, каде што повеќе од 50 луѓе беа повредени како резултат на обидите на Србите да го спречат новото албанско мнозинство да ја преземе власта. Неговиот татко Срѓан е роден во Косово, а Новак брзо се приклучи на српскиот националистички наратив дека Косово е дел од Србија, иако прогласи независност во 2008 година. Онаму каде што Ѓоковиќ е малку неискрен е кога инсистира дека нема намера да влегува во политичка дебата. Сепак, неговата порака е малку повеќе отколку антивоен слоган. Тој јасно го поддржува инсистирањето на неговата земја на територијалниот суверенитет на друга земја Ако некој друг го направи тоа, ќе има многу брза негативна реакција, истакнува Браун.