ОЛАДИ РОМАНСАТА: Том Круз повторно е сингл, страста со фаталната Русинка траеше кратко

125
Фото: elsina_k Instagram

Познатиот актер Том Круз наводно се разделил од својата девојка, руската фатална убавица Елсана Каирова, само неколку дена откако ги запознал нејзините деца.

Ѕвездата од Топ Ган (61) и Елсина (36), која е поранешна сопруга на рускиот олигарх Димитри Цветков, првпат се сретнаа во декември на забава во Мејфер, каде што беа видени како разговараат. Меѓутоа, како што сега пишува The Sun, двојката се разделила, само неколку дена откако поминале заедничко време со нејзините деца.

Том наводно е тој што ја „оладил романсата“, но сакал да остане пријател со руската убавица бидејќи живеат во иста станбена зграда во Лондон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elsina Khayrova (@elsina_k)

„Би било незгодно да се завршат работите на лош начин, а потоа да се сретнат во лифт. Меѓу нив нема лутење и таа врска едноставно одеше по свој тек“, изјави извор за The Sun.

Елсина има син и ќерка од претходниот брак со рускиот олигарх и трговец со дијаманти Димитри Цветков. Таа е ќерка на Ринат Каиров, водечки руски политичар, чие богатство се проценува на пет милијарди фунти, и е близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elsina Khayrova (@elsina_k)