Од спортски објект во конгресен центар: Како изгледа трансформацијата на салата „Борис Трајковски“/ВИДЕО

247

Салата „Борис Трајковски“ од спортски објект е трансформирана во конгресен центар. Тука од денеска до петок ќе се одржуваат средби на шефовите на дипломатиите и делегациите на земјите членки на ОБСЕ на 30. Министерски совет.

Како течеле активностите за пренамена на објектот може да се види од видеото што утрово на социјалната мрежа Фејсбук го сподели шефот на македонската дипломатија Бујар Османи

„Погледнете ја трансформацијата на салата ’Борис Трајковски’. Подготвени сме за одржувањето на 30-от министерски состанок на ОБСЕ! Чест ми е што имаме можност да го организираме еден од најголемите настани што некогаш е направен во земјава. Северна Македонија изминатава година како претседавач на најголемата регионална безбедносна организација ОБСЕ покажа дека има голем капацитет да се носи со сите предизвици, рамо до рамо со најразвиените земји во Европа!“, напиша Османи на Фејсбук.