Олимписките игри ќе се одржат во Париз следната година, а пред нивното отворање, се стравува од терористички напад. Од локалната власт велат дека нема причина за страв и за поместување на церемонијата.

Француската министерка за спорт, Амели Удеа-Кастера, издаде соопштение во кое наведува дека не размислува за поместување на отворањето на Олимписките игри, планирано за на Сена во Париз следното лето, и покрај ризикот од терористички напад.

  • Немаме план Б, имаме план А во кој има неколку плана Б. Терористичка закана, особено исламистичка, постои. Сепак, тоа не е ново и не е специфично за Франција, ниту е специфично за Олимпијадата. Нема сомнеж дека свеченото отворање ќе биде посебен безбедносен предизвик, но го знаеме тоа од првиот ден. Имаме капацитет да биде безбедно – истакна Кастера.