Од денес до 27 јануари: Фестивал “Арт Ареа“ со книги, изложби, промоции

104

Од утревечер до 27 јануари во Кино култура ќе се одржи фестивалот “Арт Ареа 2“ во организација на “Бегемот“, а кој ќе вклучува саем на книга, изложби, концерти, промоции, проекции.

На 25 јануари е отворање на Саем на книгата и на изложбите на Наталија Лукомска – “Состојби“ (илустрации) и на Диме Данов – “Копнеж по Јурате“ (фотографии) во 19 часот, од 20:30 часот следува промоција на “(Бес)конечни модели на расказот“ на Сања Михајловиќ-Костадиновска, за во 22 часот, првиот фестивалски ден да заврши со џез-ѓурултијата на триото Гордан Спасовски, Славчо Коцев и Бојан Петков.

Наредните два дена следуваат промоциите на “Пливање спротиводно“ на Ненад Јолдески (26 јануари) и “Урбани легенди“ на Васко Марковски (27 јануари), а фестивалот ќе заврши со концерт на Летечки пекинезери.