Девет мажи биле обвинети за силување пијана 15-годишна тинејџерка за време на забава во градски парк во Хамбург во септември 2020 година, но само еден е прогласен за виновен на судењето.

По наведениот настан, од девојчето е земен брис за испитување и во него е пронајдена семената течност на деветтемина обвинети.

Сепак, судот го осуди најмладиот, 19-годишник од Иран, на две години и девет месеци затвор.

Седуммината обвинети добиле условна казна, а во рок од шест месеци судот ќе донесе одлука дали ќе остане така или ќе бидат осудени на затворска казна, а еден од напаѓачите е ослободен од сите обвиненија.

Како што наведува Билд, осуммина од мажите имаат мигрантско потекло.

Злосторството предизвика жестоки реакции во Хамбург, а судењето за ова злосторство траеше година и пол и беше затворено за јавноста.

Адвокатите на обвинетите се изјаснија за ослободување на нивните клиенти, наведувајќи дека „девојката не изгледала како да не сака секс“.

Исказот на адвокатот го потврдија 40 минувачи кои таа вечер биле во градскиот парк. За девојчето рекле дека изгледала „збунето, апатично, како кукла, неспособно и беспомошно“.

Судот пред неколку дена ја слушна девојката преку видео врска, но таа немала многу да каже бидејќи „едвај се сеќава на таа вечер“.

Според извештаите, обвинетите биле многу ладни за време на судењето, а еден дури и заспал.