Од воените зони низ Украина дојде вест која измамува насмевка: Куче доби храна испратена по дрон/ВИДЕО

120

Дневните црни вести кои доаѓаат од воените зони низ Украина за момент ги разубави видео кое кружи на социјалните мрежи, во кое двајца украински оператори со беспилотни летала му го прават денот на кучето, пренесува N1BiH.

Имено, на видеото се гледаат војници кои закачиле колбаси на дрон, кои по воздушен пат ги пренеле во блискиот двор и го пуштале на куче, кое во најмала рака било воодушевено од подарокот од воздух.