Кошаркарите на Голден стејт го победија Њујорк со 110:99 и ја постигнаа седмата последователна победа на гостински терен. „Воините“ воедно го забележаа 31. триумф сезонава, додека Никс го претрпеа 25. пораз. Сосема очекувано, прво име во победничкиот состав беше Стеф Кари со 31 поен (11/26 од поле, 8/18 за три) и 11 скока, додека на спротивната страна се истакна Џејлен Бренсон со 27 коша.

До победа дојдоа и кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс над Вашингтон со 134:131 по продолжение. Лејкерси им го нанесоа 13. последователен пораз на Визардс, додека тимот од „градот на ангелите“ го забележа 33. сезонски триумф. „Езерџиите“ ги предводеше Ентони Дејвис со неверојатни 40 поени, без ниту еден поен од линијата за три.

Резултати: Шарлот – Милвоки 99:111, Орландо – Јута 115:107, Бруклин – Атланта 124:97, Сан Антонио – Оклахома 132:118, Феникс – Хјустон 110:105, Денвер – Мајами 103:97.