Во Македонија под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот, од утре кон крајот на денот и навечер, па во деновите потоа, облачноста ќе се зголеми и ќе има повремени врнежи од дожд. Повремено и локално врнежите ќе бидат обилни, особено во среда. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, и истиот повремено ќе засилува на интензите, пишува метеопрогнозерот Славчо Попоски во најновата временска прогноза.

До крајот на неделава локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20 л/м2). Поради порастот на температурите  и продорт на потопол воздух од југ повремени врнежи од снег ќе има само на највисоките планински места во Македонија (над 2000 метри надморска височина, но сепак снежната граница особено во текот на ноќта кон среда ќе се спушти под 2000 метри, особено во северните предели.

Во Скопје и околината очекуваме слично време, односно ќе има нови врнежи од дожд во текот на ноќта вторник кон среда и во среда.

Инаку во следните денови минималните температури ќе бидат над нулата, а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени, а во најтоплите југоисточни предели температурата повремено ќе се искачува и до 15 степени.

Кон крајот на овој месец, а особено во почетокот на декември и во Македонија е на повидок продор на поларен воздух од север кој ќе услови големо заладување на времето и снег, пишува Попоски.

Според сезонската анализа на Попоски за претстојната зима 2023/2024, кон крајот на овој месец го очекуваме првиот снег и во градовите на Балканот. Веќе во вторник и во среда Балканот и Македонија ќе бидат зафатени од нов бран на врнежи од запад и од северозапад.

Со продорот на студен воздух од север, особено во централните предели на Босна и Херцеговина, планинските предели на Црна Гора и во југозападните предели од соседна Србија ќе има нови врнежи од снег, но овој пат понекаде и на пониските места, однсоно во градовите.

На планинските места ќе дојде до формирање на позначителна снежна покривка (над 20 сантиметри).

Ако мината година поминавме без снег, оваа година уште од ноември започнува снежната бајка и ќе ја има цела зима што ни претстои, не само во регионот, туку и во Македонија.