Ова е најзгодниот Арап на светот: Тврди дека бил протеран од Саудиска Арабија поради убавината

775
Инстаграм

Имено, на фестивалот во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, Омар Боркан танцуваше со многу жени кои беа привлечени од неговата убавина.

Властите на оваа земја, кои се прилично строги за односот меѓу жените и мажите кои не се поврзани, побараа Боркан да го напушти фестивалот. Тој потоа ја напушти земјата и рече дека е „протеран поради неговата убавина“, иако тоа беше демантирано од властите во Саудиска Арабија.

Набрзо стана познат низ целиот свет. Давал интервјуа за многу медиуми, кои го нарекле „најзгодниот Арап во светот“. По заминувањето од Саудиска Арабија, тој се преселил во Ванкувер, каде што добил дете со Јасмин Овеида. Нивниот брак траеше до 2018 година.

Исто така, познато е дека Боркан бил депортиран од Дубаи во 2021 година, поради видеото на кое се гледа како пуши марихуана. Тамошните власти одлучија да го депортираат поради „промовирање сомнителен морал“.