Каталонскиот гигант Барселона најверојатно ќе излези како победник во трката по францускиот интернационалец од редовите на германскиот бундеслигаш Еван Ндика. Централниот дефанзивец на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер, а шпанските медиуми открија дека Французинот веќе ги има договорено личните побарувања со раководните лица на Барса и на „Ноу Камп“ ќе се пресели без никакво обештетување.