Репрезентацијата на Норвешка ќе биде значително ослабена на претстојното Европско првенство во Унгарија и Словачка. Еден од најважните во бековската линија на Кристијан Берге, Горан Согард Јохансен ќе го пропушти турнирот поради повреда на препоните, која веќе ја оперира минатата среда во Берлин.

Норвешкиот дефанзивец летово поради истиот проблем ги пропушти Олимписките игри во Токио, но овојпат оценката на лекарскиот тим на репрезентацијата беше дека е неопходна лекарска процедура.

Норвежаните се во групата Ф со Русија, Словачка и Литванија. Натпреварите од првата фаза ќе се играат во Кошице.