Нов современ парк се гради во Стар Аеродром

2774

Општина Аеродром денеска ги започна активностите со кои се предвидува изградба на нов парк во Стар Аеродром, на површина од 2.300 квадратни метри.

Новиот парк ќе биде со ново зеленило и ќе претставува место за одмор и рекреација уредено со модерна опрема и согласно најсовремените стандарди.

-Се работи за уште една инвестиција со која се реализираат ветувањата за зелени проекти, подобрување на условите за урбаното живеење, како и зачувувањето на животната средина. Изградбата на паркот вклучува поставување на урбана опрема, зеленило и хортикултурно уредување, поплочување на патеките, современ систем за наводнување и модерно лед осветлување – соопштија од Општина Аеродром.