Нов притисок врз Вучиќ и Србија: Брутален ултиматум од Холандија – притисок врз Белград да воведе санкции кон Русија

269

По шефицата на германската дипломатија, Анaленa Бербок, на притисокот врз Србија и претседателот Александар Вучиќ се приклучи и холандскиот премиер Марк Руте.

Како што дознава српски „Новости“, холандскиот премиер вчера во парламентот ги изнел позициите на неговата земја во пресрет на самитот на шефови на држави и влади на ЕУ, на чиј дневен ред ќе бидат неодамнешните преговори меѓу Белград и Приштина во Охрид.

Според изворите на „Новости“, Руте на пратениците меѓу другото им рекол дека треба да го зголемате притисокот врз Србија и нејзиното раководство за да се воведат санкции кон Русија.

Тој всушност се огради дека приоритет мора да се даде на дипломатските методи, но не отфрли и други средства на принуда, за да не биде принудена српската влада и претседателот Вучиќ да и го свртат грбот на Москва.