Нов земјотрес е регистриран вечерва околу 22 часот во Албанија со јачина од 4,2 степени по Рихтер.

Епицентарот на потресот е на 39 километри северозападно од Тирана на длабочина од 10 километри.

Земјотресот е почувствуван и во западниот дел на Македонија со послаб интензитет.

Пред неколку дена Драч, Тирана и околината беа погодени од силен земјотрес, во кој животот го загубија 51 лице, а стотици беа повредени.