Новогодишен пунч- се што ви е потребно за празничен гламур во вашиот дом

80

Јасно е дека најлудата ноќ не може да помине без добра храна и добри пијалоци, а секој се труди да биде креативен во тој поглед, особено ако ги поминувате празниците дома – тогаш се зависи од вас.

На крајот на краиштата, Новата година е одличен повод да се впуштите во ваква авантура. Заборавете на „нужното“  наздравување со шампањ кога ќе се спојат стрелките на часовникот на полноќ. Уживајте цела вечер во овој необичен пунч со шампањ!

Потребни состојки:

  • 10 гр сува калинка или шипки
  • 1 шише шампањ
  • 450 мл розе вино
  • сок од еден лимон
  • 2 гранчиња рузмарин
  • 4 лажици шеќер
  • Лимон

Подготовка:

Во едно тенџере измешајте го розето со лимон, потоа додајте сушена калинка или шипки, како и рузмарин и шеќер, измешајте сè и ставете на загреана рингла додека не зоврие со постојано мешање и на умерена температура. Кога ќе го тргнете од оган,Се  процедете, па сето тоа измашајте го со шампањ.

Потоа исечете го лимонот на тркалца, па ставете ги внатре, а можете да ги исечете и портокалите – по желба.