Нови снимки од авионската несреќа на Шереметјево

100

Истражителите ги земаа двете црни кутии од синоќешната авионска несреќа на московскиот аеродром Шереметјево, во која загинаа 41 лице, изјави портпаролката на рускиот Истражниот комитет Светлана Петмеко.

Новите снимки од несреќата покажува дека пилотот се обидел да слета двапати, пред да се запали. Авионот удрил во пистата, се одбил од неа, па потоа удира на земја, а неговиот заден дел почнува да гори.

– Во авионот на лет од Москва кон Мурманск имаше 78 патници и членови на екипажот. Според најновите податоци достапни на истрагата, 37 од нив преживеаја, изјави Петмеко.

Бројот на жртвите го потврди и портпаролката на московското истражно одделение за меѓународен транспорт, наведувајќи дека загинале 41 лице.

Меѓу 37 преживеани, четворица се членови на екипажот. Петмина од преживеаните се хоспитализирани.

Се уште се испитува причината за несреќата.