Нова книга: “Основите на будизмот“ на македонски

71

“Основите на будизмот: прашања и одговори“ од кинескиот автор Џао Пучу, е насловот на книгата која неодамна ја објави “Македоника литера“ од Скопје. Преводот од англиски јазик е на Сибела Ајдинова.

Книгата, која содржи пет поглавја, е плод на долгогодишното проучување на будизмот од страна на Џао Пучу, кој е еден од најголемите експерти за будизмот во Кина. Во форма на прашања и одговори, книгата упатува и одговара речиси на сите прашања покренати од будизмот во текот на изминативе 2.500 години.

“Книгата може да се смета како општ преглед на будистичките проучувања на Џао Пучу, која на читателите лаици им дава правилен вовед во будизмот, додека пак на научниците има дава инспирација и насоки за навлегување во подлабоко проучување на будизмот. Таа, исто така, е наменета луѓето на кои кинескиот не им е мајчин јазик, а сакаат да учат за будизмот…“ , пишува Џао Тонг, прведувачот на англиското издание на книгата.