Нобелова награда за хемија за „откритието кои им помага на хирурзите да најдат туморско ткиво“

51
EPA-EFE/Claudio Bresciani

Научниците Алексеј Екимов, Луис Брус и Мунги Бавенди ја добија нобеловата награда за хемија за 2023 година за „откривањето и синтезата на квантните точки“ кои ги осветлуваат компјутерските монитори и телевизиските екрани, а лекарите ги користат за мапирање на туморите.

„Нобеловите лауреати… успеаја да произведат толку мали честичи што нивните својства ги одредуваат квантните феномени. Тие честички, кои се нарекуваат квантни точки, сега се многу важни за нанотехнологијата. Научниците веруваат дека во иднина би можеле да придонесат за пофлексибилна електроника, за малите сензори, потенките соларни ќелии и критираната квантна комуникација“, се појаснува во соопштението на Нобеловиот комитет за хемија.

Наночестичките и квантните точки се користат во LED светилките, а може да бидат користени и за насочување на хирурзите додека острануваат канцерогено ткиво.

На прашањето на новинарите како се чувствува, Бавенти телефонски од САД одговори „Многу изненаден, поспани, шориан, не го очекував ова и многу сум почестен. Не мислев дека ќе ја добијам“, рече Бавенди зборувајќи за Нобеловата награда чиј севкупен износ годинава изнесува 11 милиони шведски круни, односно во моментов 997.959 американски долари.

Меѓу „фасцинантните и необични својства“ на квантните точки е нивната способност да создаваат различни бои на светлината, зависно од големината на честичките, неменувајќи ја атомската структура, изјави Јохан Аквист, претседател на Нобеловиот комитет за хемија.

Бавенди е професор на Универзитетот во Масачусетс ( Massachusetts Institute of Technology – MIT), Брус е професор емеритус на Универзитетот Коламбија, а Екимов работи за „Nanocrystals Technology Inc.“.

Брус 23 години работел за „ AT&T Bell Labs“ проучувајќи ги нанокристалите. Бавенди е роден во Париз, но растел и се образувал во Тунис и САД. Постодокторатот го работел кај Брус а потоа во 1990 година се приклучил на MIT, а професор станал во 1996 година. Екимов е роден во поранешниот СССР, во Русија, и работел за Државниот оптички институт Вавилов а потоа во 1999 година преминува во САД каде работи за „Nanocrystals Technology“. Бил и визитинг професор на Ecole Polytechnique во Париз, Универзитетот Клод Бернард во Лион (Франција), Институтот Макс Планк (Германија) и Универзитетот Осака (Јапонија).

Минатата година, Нобеловата награда за хемија им беше доделена на Каролин Бертоци, Мортен Мелдал и Бери Шарплес за развој на хемијата за клик-хемијата и биоортогоналната хемија. Тие беа наградени за откривање на реакции кои овозможуваат молекуларните градивни блокови да се спојат заедно за ефикасно да создадат нови соединенија.