Најново истражување со шокантни резултати: Вработените порадо би дале отказ отколку да се вратат во канцеларија

125

Истражувањето на деловната социјална мрежа на Мајкрософт Линкедин покажа дека една третина од испитаниците попрво би ја напуштиле работата отколку да се вратат на полно работно време во канцеларија.

Резултатите од истото истражување покажуваат дека речиси две третини од вработените размислуваат за промена на работните места оваа година, пренесува британски Тајмс.

Петтина од испитаниците од групата што размислуваат за промена на работните места би останале на нивното сегашно работно место доколку би можеле да имаат флексибилно работно време или да работат на далечина.

Жените го предводат патот меѓу испитаниците кои сакаат да работат на далечина, бидејќи повеќе од 50 отсто од нив изјавиле дека ја напуштиле работата или размислуваат да се откажат поради недостаток на флексибилно работно време.

Истражувањето покажа дека т.н генерацијата Z, луѓето родени помеѓу доцните 1990-ти и првата деценија на 21-от век, имаат најмалку желба да работат на далечина, што сугерира дека сакаат да учат од своите колеги во канцеларијата.

Спротивно на тоа, членовите на т.н генерацијата X, родена помеѓу 1966 и 1981 година, главно бараше работа што вклучува работа на далечина.

Ако работодавците го отстранат флексибилното работно време, ќе бидат изложени на ризик да ги загубат постојните вработени и ќе им биде потешко да привлечат нови луѓе, изјави менаџерот на Linkedin во Велика Британија, Нгаир Мојс.

„Пандемијата го револуционизираше начинот на кој работат луѓето, а за повеќето компании, големиот експеримент со работа на далечина беше многу поуспешен отколку што некој очекуваше“, рече таа.

Некои луѓе не го делат нејзиниот оптимизам и веруваат дека работата на далечина ја намалува продуктивноста.

„Работата на далечина не функционира“, кратко рече шефот на Блек Рок, Лери Финк.