Нарачките и понатаму пристигнуваат секојдневно: Списокот за чекање на крокети од посебно говедско месо е 43 години/видео

161
ACER

Асахија, семејна месарница која прави панирани, замрзнати говедски крокети од Кобe, има список на чекање од 43 години.

Се наоѓа во градот Таксаго во западната јапонска префектура Хјого.

Месарницата е отворена во 1926 година и продава месо само од својата префектура. Со децении продаваше говедско месо од Кобe, а по Втората светска војна ги претставија и говедските крокети од говедско месо од Кобе. Инаку, станув збор за месо од Таџима на јапонските црни говеда, одгледувани во Јапонија, поточно во префектуратра Хјого, во согласност со правилата утврдени од страна на Здружението на Кобе маркетинг, дистрибуција и промоција на говедско. Месото е деликатес, ценето по неговиот вкус, нежност и масност, и мермерната текстура.

Но, овие крокети станаа интернет сензација дури во раните 2000-ти, што доведе до лудо долг список на чекање. Новинарите на Си-Ен-Ен разговараа за оваа популарност со Шигеру Нита, сегашниот сопственик на месарницата.

Најбаран производ е „Extreme croquettes“, а заедно со нив се нудат уште три видови крокети со говедско месо од Кобе, за кои списокот на чекање е значително пократок. Додека за крокетите Extreme се чека 43 години, крокетите Premier се веќе достапни за четири години.

Нита раскажа како ја започнале онлајн продавницата во 1999 година. Потоа се одлучиле на храбар потег. Крокетите Extreme ги продавале по цена од 1,56 евра по парче, иако говедското месо во нив чини 2,49 евра.

„Продававме достапни и вкусни крокети за да ја претставиме нашата месарница. Се надевавме дека клиентите ќе уживаат во крокетот толку многу што ќе го купат нашето говедско месо од Кобе веднаш штом ќе го пробаат крокетот за прв пат“, рече тој.

 

Почетоците биле скромни, месарницата „Асахија“ правела само 200 крокети неделно.

Денеска се прават секојдневно, немаат конзерванси, па дури и компирите што се користат во нив се од локална фарма.

На крајот, овој концепт привлече големо медиумско внимание. Кога во 2000-тите се појавија вестите за крокети, нивната популарност вртоглаво порасна.

„Сакавме да престанеме да продаваме во 2016 година бидејќи списокот на чекање порасна на повеќе од 14 години. Размислувавме да ги прекинеме нарачките, но луѓето продолжија да ги нарачуваат“, рече тој.

Тие продолжија да примаат нарачки, но ја зголемија цената на 3,11 евра по парче. Велат тоа го направиле поради зголемувањето на данокот на производство.

Сега тие произведуваат 200 крокети дневно, а крокетот Extreme сè уште е нивниот најпопуларен производ. Сепак, околу половина од клиентите кои се обидуваат да нарачаат крокети попатно нарачуваат говедско месо од Коби, така што маркетинг планот на Нита успеал.