Никола Карабатиќ: Не дојдов во Берлин како спасител

82

Актуелниот светски шампион во ракомете, репрезентацијата на Франција во второта фаза на шампионатот во Германија и Дансак ќе биде засилена со најдобриот играч во светот Никола Карабатиќ, кој поради операција не беше планиран за настап во националниот тим.

Но, најдобриот член на француската репрезентација пријатно ги изненади фановите и допатува во Берлин со цел да им помогне на своите соиграчи.

  • На крајот од декември зборував со докторот кој што ме оперираше. Го прашав за ризикот доколку се вратам на терен порано од предвиденото. Тој ми рече дека нема ризик и дека се ќе зависи од моето чувство. Видов натписи дека доаѓам како спасител на мојата репрезентација. Но, јас не доаѓам да спасам нешто, туку за да тренирам со моите сонародници и да излезам на терен доколку за тоа има потреба. Во спротивно, ќе останам на трибините. Сепак се надевам дека ќе можам да помогнам со мојата игра, вели францускиот интернационалец.

Французите го почнаа првенство со две победи, против Бразил и Србија и речиси е сигурен патник во втората фаза во која ќе се пласираат првите три репрезентации од секоја група.